Тешко им паѓа оваа катастрофална сезона на фудбалерите на Ајакс кои по денешниот пораз од Твенте не само што останаа без титула, туку и без можност да се борат за место во ЛШ наредната сезона,завршувајќи на третото место на табелата.
Голем скандал го одбележа овој последен дуел меѓу Твенте и Ајакс, откако гостинскиот фудбалер Стивен Бергхујс по натпреварот реши физички да се пресмета со еден домашен навивач. Видно изнервиран тој падна на провокациите и реши да се пресмета со навивачот, по што влезе во клупскиот автобус.
Целиот инцидент беше снимен од неколку навивачи кои се најдоа во близина, па нема сомнеж дека Бергхујс ќе биде жестоко казнет за ваквото насилничко однесување.
Ajax player Steven Berghuis has just punched a FC Twente fan…
pic.twitter.com/MsipXygbdE— george (@StokeyyG2) May 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

