Бразилците не се откажуваат: Анчелоти сака да биде селектор, ние го сакаме него

Карло Анчелоти повтори дека планира да остане во Реал и наредната сезона, а Флорентино Перез јасно стави до знаење дека не планира тренерска смена летово бидејќи италијанскиот стручњак има договор до јуни 2024 година.

Без оглед на ова, Бразилската Фудбалска Федерација не се откажува од намерата да го премисли Анчелоти, летово да си замине од кормилото на „кралскиот клуб“ и да ја прифати понудата да стане селектор на „кариоките“. Токму чекајќи го Анчелоти, Бразилците ангажираа само привремен селектор по заминувањето на Тите, а претседателот на федерацијата, Едналдо Родригез јасно стави до знаење дека планот воопшто не е променет.

„Ние имаме План А, неговото име е Карло Анчелоти. Се уште не размислуваме за план Б бидејќи веруваме во остварување на првиот план. Имаме пречувство дека ќе најдеме начин за соработка, знаеме дека тој сака да биде селектор, а и дека одлично соработува со бразилските фудбалери во својот тим. Вљубен е во бразилскиот фудбал, едноставно е зошто ние го сакаме токму него за селектор и веруваме дека е вистинскиот човек за оваа функција“, прокоментира Едналдо Родригез.

Се вчитува...