ПСЖ ја осигура и прослави титула во француското првенство со реми на гостувањето кај Стразбур, а со тимот на отпатува Нејмар кој е „претежко повреден за да патува“, како што вели тренерот на францускиот шампион Кристоф Калтие.
Сепак Бразилецот одморот од тешката повреда го искористи за патување до Монако каде ја проследи Формула 1 трката во Монте Карло. Тој беше затекнат во казината како игра покер што дополнително ги разбесни навивачите на ПСЖ кои и претходно беа во конфликт со ѕвездата.
Интересно, „претешко повредениот да патува“, отпатува 270 километри повеќе за рекреација. Оддалеченоста од Париз до Стразбур е 400 километри, а до Монако 670.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА