Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше среќен по победата од 1-0 на неговиот тим над Јувентус во Торино, и со тоа „росонерите“ го обезбедија пласмано во групната фаза во Лигата на шампионите следната сезона.
Сепак, тој кажа дека составот на тимот мора да се подобри, ако сака тимот да биде конкурентен следната сезона и да се бори за титулата.
„Очигледно е дека Лигата на шампионите ни даде повеќе од што очекувавме и беше тажно што испаднавме во полуфиналето од Интер. Меѓутоа направивме повеќе од очекувањата. Не поминавме толку добро во домашниот шампионат, но трета сезона по ред се пласиравме во Лигата на шампионите. Првпат се обидовме да бидеме конкурентни во две сезони по ред, но тоа се покажа дека не е можно. Беше чудна сезона од неколку аспекти. Прво бевме без првиот голман неколку месеци, играчите мораа да патуваат во Катар на Мундијалот. Беше потребно после тоа да се вратат и да бидат во старата форма. Сега ако сакаме да бидеме конкурентни и во ЛШ и во Серија А ќе мора да го подобриме тимот. Ни се потребни силни играчи. Не е важно дали ќе бидат млади или не“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА