Салихамиџиќ доби отказ, но ќе добие и „солена“ сума од Баерн М.

Сега веќе поранешниот спортски директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, само еден час по освоената титула во Бундеслигата во саботат, доби отказ од тимот на најтрофејниот германски клуб.

Салихамиџиќ беше спортски директор на „Баварците“ од 2017 година, а се чини дека тренерската смена пред повеќе од 2 месеци кога Тухел го замени Нагелсман, му се „одби од глава“ на Босанецот, па така Баерн имаше многу среќа во освојувањето на нова титула во Германија.

Сепак, Салихамиџиќ добро ќе си го наплати отказот од Баерн Минхен. Според германските медиуми, ќе добие од 6 до 8 милиони евра за неговиот отказ. Се очекува популарниот „Брацо“ да не биде без работа долго време. Јувентус веќе го бара да седне на местото спортски директор на „бјанконерите“.

Договорот со Баерн му беше до 2024 година.

Се вчитува...