Динамо Загреб вчера ја доби титулата првак на Хрватска. „Модрите“ со победата над Горица од 4-1, по натпреварот го добија заслужениот трофеј, со кој прославија нова успешна сезона.
Сегашниот капитен на Динамо, Доминик Ливаковиќ го подигна трофејот со дресот на Адеми, а потоа објасни зошто го сторил тоа.
„Адеми на почетокот на сезоната ми дозволи да го подигнам трофејот од Супер-Купот. Само ми пријде и ми кажа: Ајде крени го ти. И навистина сум му благодарен. Тој ми е пријател, беше до неодамна со нас и икона на клубот“, рече Ливаковиќ.
Најверојатно и сегашниот капитен Ливаковиќ ќе замине од клубот, и ќе се пресели во Фенербахче, иако тој кажа дека и натаму нема ништо договорено со турскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА