Кимих за смената на Кан и Салихамиџиќ: За мене е изненадувачки, требаше да почекаат некој ден

Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих смета дека клубот требало да почека уште некој ден за смената на директорите Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.

Двајцата добија откази само еден час по освојувањето на титулата на „Баварците“ во Келн, по што клубот соопшти дека веќе не се со клубот. И додека Салихамиџиќ се подготвува за следниот предизвик (најверојатно Јувентус), Кан вели дека ќе разговара со раководството, како да не му е јасно дека веќе е „поранешен“.

„Не знаев ништо за тоа. За мене изненадувачки, затоа што тоа се случи на денот кога ја освоивме титулата во Бундеслигата. Мислам дека требаше да почекаат 2-3 дена без разлика дали решението е добро или не“, рече Кимих.

Се вчитува...