Македонија и дефинитивно без Миовски против Украина и Англија: Бојан се враќа на терен на 10. јули!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски нема потешки повреди на лигаментите на зглобот по бруталната повреда од противнички играч на натпреварот меѓу неговиот Абердин и Сент Мирен во шкотскиот шампионат.

Деталните специјалистички предгледи изминативе денови, како што дознаваме, покажале дека оштетувањето на лигаментите не се во таа мера која би барала хирушка интервенција, што е навистина среќна околност. Од претходно беше познато, пак, дека нема и никаква скршеница. Токму поради тоа се очекува брзо враќање на Миовски на зелениот терен.

„Нема скршеници а оштетувањата на лигаментите бараат три недели мирување, по што следат три недели рехабилитација. Нема да има потреба од никаква хируршка интервенција на лигаментите, што е навистина позитивна вест ако се знае за бруталноста на стартот по кој беше повреден. Па, кога се ќе се сумира Миовски треба да се појави на подготовките на Абердин околу 10. јули, што значи комплетно ќе може да биде подготвен и за европските настапи на неговиот тим ова лето“ – велат за ЕКИПА извори од менаџерскиот тим на Бојан Миовски.

Но, иако Миовски ќе се врати за европските натпревари на својот тим, за жал нема да може и помогне на репрезентацијата на двата јунски натпревари во квалификациите за ЕП 2024 против Украина (16. јуни во Скопје) и против Англија (19. јуни во Манчестер). Селекторот Благоја Милевски и дефинитивно ќе мора да го крои нападот на јунските средби без еден од најдобрите македонски офанзивци.

Се вчитува...