Лучијано Спалети следната сезона нема да го предводи актуелниот шампион на Италија, Наполи. И покрај тоа што по 33 години италијанскиот стратег ја врати титулата во Неапол неочекувано се одлучи да замине од клубот.
За потегот на 64-годишниот стратег говореше и првиот човек на шампионот, Аурелио Де Лаурентис кој вели дека нема да му застане не патот, а одлуката ја потврди и самиот Спалети кој изјави дека му е потребен одмор.
„Некогаш поради премногу љубов морате да се разделите. Нема да останам, заминувам. Нема шанса да го променам мислењето. Им кажав на луѓето во клубот дека ми е потребно година дена пауза. Нема да работам во ниту еден клуб. Година дена ќе одмарам“, изјави Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА