Лео Меси заминува од ПСЖ, а голема е веројатноста дека ќе се врати во редовите на Барселона каде помина повеќе од 20 години. На темата камбек на еден од најдобрите фудбалери на денешницата говореше и Чави кој вели дека веќе има и тактична замисла во која може да го вклучи Аргентинецот.
Тој и веќе говори со Меси, но одлуката му ја препушти само нему.
„Му кажав на претседателот дека враќањето на Меси има смисла. Нема сомнеж, тој е совршен за нашиот состав и идеја. Имаме тактичка замисла со Лео на ум. Се зависи од него. Разговаравме и мислам дека мора да одлучи“, открива Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

