Баерн „краде“ уште еден фудбалер на Борусија Дортмунд

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Рафаел Гереиро летово би можел да се пресели во Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми.

Португалскиот репрезентативец подолго време е на „пик“ на клубот од Баварија, а двете страни наводно веќе одржале состанок.

Дваесет и девет годишниот Гереиро дојде во Дортмунд од Лориен во 2016 година, а веќе се знаеше дека ќе го напушти клубот.

Сезонава одигра 36 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола.

Се вчитува...