Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски на крајот на сезоната и дефинитивно ќе замине од турскиот Фенербахче откако официјално ќе заврши позајмицата од од саудискиот Ал Ахли.
Алиоски ќе се врати во Ал – Ахли, а големи се шансите и да остане во клубот во кој стигна пред две сезони како големо засилување од премиерлигашот Лидс Јунајтед.
Според некои најави, враќањето на Ал Ахли во елитното друштво е вистинската причина за враќање и на европските ѕвезди во овој клуб.
Алиоски во Фенербахче помина турбулентен период во кој прво сите беа задоволни, па одеднаш не беше во план на тренерот Жорже Жесус, по што се случи нов пресврт и популарниот Џани повторно доби шанса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА