Луис Енрике нема да му биде нов тренер на Елмас, Де Лаурентис има нов фаворит

Наполи ја продолжува потрагата по нов тренер, но тоа дефинитивно нема да биде Луис Енрике откако претседателот Аурелио де Лаурентис се разочарал од односот на шпанскиот стратег.

„Наполитанците“ го имаа екс-селекторот на Шпанија високо на својата листа со желби, но Енрике разочарал со одбивањето да се сретне со претставниците на новиот италијански првак, јасно ставајќи до знаење дека приоритет му е преселба во Премиер-лигата. Кога сите опции за селидба во Англија му пропаднаа, Енрике конечно седнал на преговори со Наполи, но веднаш ставил до знаење дека ќе инсистира на плата од осум милиони евра по сезона, плус бонуси.

Де Лаурентис се „оладил“ од ваквиот однос ан Шпанецот, па првиот човек на Наполи веќе има нов фаворит во потрагата по нов тренер. Според медиумите од Неапол, тоа е актуелниот стратег на Фиорентина, Винченцо Италијано. Претседателот на Наполи не сака сега да почне преговори бидејќи Италијано е фокусиран на претстојното финале од Конференциската лига на УЕФА против Вест Хем, но извори блиски до Де Лаурентис тврдат дека тој е убеден дека ќе успее да го убеди Италијано да си замине од Фиренца и да се пресели во Неапол.

Се вчитува...