Англија без Белингем против Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт нема да може да смета на Џуд Белингам во јунските натпревари против Малта и Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

19-годишниот извонреден играч од средниот ред  беше награден за брилијантната сезона во понеделникот кога беше прогласен за играч на годината во Бундеслигата.

Сепак, поради повреда на коленото тој не беше во можност да им помогне на своите соиграчи во ремито 2-2 против Мајнц со што „милионерите“ му ја предадоа титулата на Баерн Минхен.

Поради повредата на коленото Белингем најверојатно ќе мора да замине на операција на коленото, што значи дека ќе отсуствува од терените до почетокот на новата сезона. Белингем е пред потпис со Реал Мадрид, со што ќе стане еден од најплатените фудбалери на стариот континент.

Се вчитува...