Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Едвин ван дер Сар ја напушти позицијата директор во холандскиот гигант Ајакс.
Тој беше на оваа позиција од 2016 година, а во неговата ера Ајакс ги имаше едни од најдобрите резултати во 21. век, а за издвојување е полуфиналето во Лигата на шампионите во 2019 година.
„По, речиси, 11 години во клупскиот борд, јас завршувам. Искусивме прекрасни нешта, но исто така имавме и многу тежок период. Многу сум благодарен на луѓето кои ги запознав за време на мојата втора кариера во Ајакс и со кои работев за се што постигнавме и искусивме. Сега чувствувам дека треба да се дистанцирам, да се опуштам и да правам други нешта. Не чувствувам дека е правилно да носам одлуки за иднината на овој прекрасен клуб во преиодот кој доаѓа. Затоа решавам да завршам сега“, изјави Ван дер Сар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

