Баерн Минхен ја продолжува потрагата по нов голгетер, а според последните информации Душан Влаховиќ сега е многу сериозен кандидат за нова „деветка“ на баварскиот гигант. Баварците имаа првични разговори за ангажман на Коло Муани од Ајнтрахт, голема желба останува и Хари Кејн од Тотенхем, но Влаховиќ е поинтересна опција во моментов пред се поради цената на српскиот голгетер на пазарот.
Имено, Ајнтрахт инсистира на 120 милиони евра за Муани, додека Тотенхем бара уште повисока сума за својот капитен. Наспроти овие двајца голгетери, Влаховиќ ќе мора да биде ставен на трансфер-листа во обид Јувентус да намали дел од „минусот“ со кој дефинитивно ќе се соочи поради неиграњето во Лигата на Шампионите. Јуве се надева на враќање на инвестицијата од 80 милиони евра кога го купи Србинот од Фиорентина, но во Баерн се надеваат дека ќе успеат да ја спуштат таа сума на 60 милиони евра, со што Влаховиќ би бил двојно поевтина варијанта од Муани.
Јувентус е во фаза на именување на нов спортски директор кој ќе треба да ги преговара условите за заминувањето на најдобриот напаѓач во тимот, но нема дилема дека Влаховиќ ќе мора да биде продаден, како еден од ретките играчи со висока пазарна вредност во таборот на Јуве.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА