Срѓан Захариевски е еден од најсериозните кандидати за нов шеф на стручниот штаб на Воска, откако новиот прволигаш денеска и официјално се раздели со досегашниот тренер Имери.
Амбициозните сопственици на охридскиот клуб сакаат реномирано име да го води тимот во дебитантската сезона во елитното друштво, а на Захариевски гледаат како на одличен кандидат за функцијата. Само за потсетување, овој стратег со голем успех ја водеше Струга ТЛ во голем дел од оваа сезона, по пто неочекувано беше сменет, сезоната ја доврши Дури и стружани стигнаа до шампионскиот трофеј.
Поранешниот македонски репрезентативец не крие дека е подготвен веднаш да се нафати за нов предизвик во тренерската кариера, па останува да се види дали тоа ќе биде во уште еден клуб крај Охридското езеро.
Воска претходно покажа интерес и за екс-тренерот на Македонија ЃП, Муарем Бајрами, па останува да се види кој тренер челниците на клубот ќе го изберат за наследник на Имери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА