Откако во медиумите се појавија гласини за можен отказ на Саша Обрадовиќ од клупата на Монако и покрај освоеното трето место на филаниот турнир на Евролигата и актуелниот договор кој трае до 2025 година се огласи и самиот српски стратег.
Говорејќи за францускиот медиум „Л’Екип“, искусниот стрег вели позадината на тоа е во менаџерските играчи, а не ја исклучува можноста и за политичка димензија. Тој вели дека направил се што можел да успех на клубот па ако раководството одлучи дека не му е местото во Монако ќе ја прифати одлуката како секоја друга.
„Кошаркарскиот свет и мал и тука секогаш има гласини, информации за трансфери на играчи и тренери и тоа сред сезона. Менаџерите играат игра да го тестираат или подготват маркетот. Конкретно за мене, не знам за што се работи. Чави Пасквал и сите останати тренери од тој калибар заслужуваат да бидат на чело на најдобрите тимови. Монако е еден од нив со обзир на тоа што го направивме сезонава.
Доволно долго сум во оваа работа и разбирам како функционираат работите. Секогаш постои политичка димензија. Ако резултатите кои ги правам не се доволни или ако постои некој подобар од мене на маркетот нека биде така. Морам да кажам дека не можам да дадам повеќе од тоа што го дадов оваа година. Мојата посветеност и професионализам никогаш не се доведени во прашање. Ако мојата иднина не е со Монако јас ќе го прифатам тоа како и секоја друга одлука која е направена од раководството на клубот“, вели Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА