Филип Мишевски уште една сезона во Македонија ЃП

Македонија ЃП го продолжи договорот со својот капитен Филип Мишевски за уште една сезона.

Раководството на клубот денеска официјално објави дека е продолжен договорот за соработка со Мишевски кој зад себе има одлична сезона за „лавовите“ со кои ја одбрани титулата во Купот на Македонија.

Мишевски изминатава сезона одигра 33 натпревари и постигна седум голови, и покрај тоа што е дефанзивец, во дресот на Македонија ЃП

Пред Мишевски, договорот со „лавовите“ го продолжи и Филип Алексовски.

Се вчитува...