ФК Осогово и ФК Новаци ќе бидат дел од Втората македонска фудбалска лига во натпреварувачката сезона 2023/24, одлучи денешната ждрепка во ФФМ.
По денешното извлекувањето за пополнување на Втората лига, ждрепката сакаше Осогово и Новаци идната сезона да бидат второлигаши, а Влазрими останува во Третата лига.
И трите екипи во неделата загубија во бараж пресметките од Тетекс, Вардар Неготино и Башкими, па преку ждрепка се бараа последните две екипи за второлигашката конкуренција за сезоната 2023/24.
Така, сега се познати имињата на сите 16 второлигаш за следната сезона: Скопје, Охрид, Победа, Пелистер, Детонит Плачковица, Беса, Арсими, Кожуф, Беласица, Караорман, Каменица Саса, Тетекс, Башкими, Вардар Неготино, Новаци и Осогово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА