Стефан Ристовски е во Топ 5 најдобри фудбалери во Хрватска и најдобар странец во ХНЛ

Капитенот на македонска фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски е во ТОП 5 најдобри фудбалери во хрватското првенство за сезоната 2022/23.

Според статистичките показатели на „Софаскор“, Ристовски е на петтото место, меѓу десет најдобри фудбалери во Хрватска. Македонскиот фудбалер е еден од чест играчи на Динамо Загреб кои се најдоа во изборот на најдобрите на „Софаскор“.

Просечната оценка на Ристовски е 7.20, а подобро рангирани од него се само неговите клупски колеги Мишиќ, Периќ и Иванушец, како и фудбалерот на сплитски Хајдук, Марко Ливаја.

Стефан Ристовски е и најдобриот странец во хрватскиот шампионат!

Се вчитува...