Арсенал предизивка бурна реакција на Украинците на социјалните мрежи откако му честиташе роденден на својот поранешен фудбалер Андреј Аршавин. Русинот го прослави својот 42. роденден, а објавата на „топџиите“ посветена кон својот легендарен играч на која пишуваше „Ти посакуваме добар ден, Андреј“ мораше брзо да биде избришана.
Украинците се налутија како може еден англиски клуб да честита роденден на Русин кога нивната држава е под агресија на окупаторот. А, не се побунија само фанови, туку и украинските фудбалски клубови Зорја и Карпати Лавов кои на официјалните профили упатија остра критика.
Arsenal have DELETED their arshavin birthday tweet 👌👌👌
Zinchenko had a word! https://t.co/8FJaf2OMHn pic.twitter.com/iK14P8NgE4
— Zorya Londonsk (@ZoryaLondonsk) May 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА