Борусија Д. се огласи два дена по разочарувањето: Нашиот сон е скршен, но не и нашиот клуб

Борусија Дортмунд не можеше да најде сила да се огласи по повод трагичното попладне, во кое ја загубија титулата во последното коло, откако на домашен терен не успеаја да го совладаат тимот на Мајнц. Вчера имаше само соопштение околу заминувањата од екипата, а веќе денеска со порака дека тимот ќе се врати уште посилен.

На „милионерите“ им требаше само победа над Мајнц, или Баерн да не победи против Келн, за титулата да се пресели во Дортмунд, но се случи најлошото сценарио. Борусија губеше 0:2 на полувреме, Баерн водеше, а потоа Келн израмни на 1:1. И кога се чинеше дека Келн ќе заврши работа, Мусиала во 89. минута донесе голема победа за Баерн, а Борусија само стигна до израмнување за на крај да заврши со исто бодови. На тој меч Борусија при 1-0 промаши и пенал.

„Емоционални денови се зад нас. Денови на фрустрација, разочарувања, емпатија. Денот целосно не истроши емоционално во саботата. Но, имаше многу убави моменти кога нашите фанови, нашите играчи и тренери и сите вие покажавте зборови на утеха и го направивте овој клуб тоа што е. Лојалност и единство го краси Борусија Дортмунд.

Да, нашиот сон е скршен, но не и нашиот клуб. Ќе се издигнеме од ова. Уште погласни, уште посилни, уште погладни. И ќе даваме се од себе. Благодариме до најдобрите навивачи на светот. Само БВБ“, стои во соопштението.

Се вчитува...