Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павар го информирал клубот дека по крајот на сезоната сака да си оди од тимот, и тоа една година пред истекот на неговиот договор во 2024 година.
За него се заинтересирани неколку клубови меѓу кои Барселона и миланските Интер и Милан. Во јануари се појавија шпекулации дека миланските тимови понудиле 20 милиони евра за него.
Павар е неизоставен дел од тимот на Баерн од 2018 година. Наводно тренерот Томас Тухел го убедувал Французинот да остане, но тој не се согласил. Сега две опции се во игра: да го продаде ова лето и да заработи нешто од него, или да го задржи до крајот на идната сезона, по што ќе замине како слободен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА