Програма за лојалност на единствената легална платформа за игри на среќа -2win.mk

Одлични вести за играчите на единствената легална платформа за игри на среќа во Македонија 2win.mk. Следејќи го задоволството на играчите, Видеолотарија Касинос Австрија  ја збогатува понудата со програма за лојалност почнувајќи од 01.06.2023

Видеолотарија Касинос Австрија ја збогатува понудата на единствената легална платформа за интернет игри на среќа- 2win.mk, со програмата за лојалност. Програмата за лојалност  ќе започне на 01.06.2023 и ќе обезбеди дополнителни погодности и предности на учесниците во интернет игрите на среќа, кои се приредуваат од страна на ДВЛМ преку 2win.mk.

Лојалните учесници за уплатен влог во интернет игрите на среќа, во месец јуни ќе стекнуваат поени. Освоените поени, веќе од први јули, ќе може да се користат за остварување на бенефиции како:

-конвертирање во депозити на сметките за игра,

-размена на поени за производи/подароци или учество во бесплатни игри со можност за добивка.

Поените се стекнуваат со влогови направени од датумот на почеток на промотивната кампања, 01.06.2023. Пропорцијата на стекнатите поени и влогот во играта зависат од видот на играта и тоа:

Вид на игра Влог Поени
ВИДЕОЛОТАРИСКИ ИГРИ 1500 ден. 1
ЕЛЕКТРОНСКИ ИГРИ 1500 ден. 1
СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ 500 ден. 1
КАЗИНО ВО ЖИВО 1000 ден. 1

Според акумулираните поени во одреден временски период, учесникот дополнително стекнува „Ниво на членство“ врз основа на кое може да оствари дополнителни бенефиции, согласно правилата и услови. Постојат четири нивоа и тоа:

Ниво на членство Стекнати поени

(3 изминати месеци)

BASIC 10-199
SILVER 200-999
GOLD 1000-5999
VIP 6000+

На почетокот на секој календарски месец, за секој учесник се утврдува ново активно ниво на членство, врз основа на збирот на поени стекнати во изминатите 3 календарски месеци. За повеќе детали, посетете го сајтот на 2win.mk.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно  #2win.mk

 

Се вчитува...