Манчестер Јунајтед ослабен за финалето против градскиот ривал

Манчестер Јунајтед нема да може да смета на услугите на Ентони Марсијал за финалниот натпревар во ФА Купот против градскиот ривал Манчестер Сити.

Французинот има повреда на тетивата по натпреварот против Фулан и нема да му биде на располагање на Ерик тен Хаг, потврди клубот.

„Прегледите покажаа пукнатина на мускулот поради која Марсијал ќе го пропушти натпреварот на Вембли“, стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Натпреварот на „Вембли“ ќе биде одигран во сабота, а на него двата тима ќе целат кон вториот трофеј во сезоната. Манчестер Јунајтед веќе го освои Лига купот, додека Манчестер Сити се радуваше на трофејот во Премиерлигата.

Се вчитува...