Задар и Адем Мекиќ стигнаа до „брејк“ во првиот натпревар од финалната серија во хрватското првенство откако славеа на гостувањето кај Сплит во натпревар во кој повеќе се говори за неспортскиот потег на домашниот кошаркар Шенон Шортер.
Имено, на решен натпревар со двоцифрена предност за гостите на девет секунди пред крајот Американецот украде топка оставена на паркетот додека кошаркарите на двата тима меѓусебно се поздравуваа и положи за својот 17 поен на средбата.
Вакви неспортски потези постојат, а и покрај тоа што не се секојдневни овој и има и скандалозна позадина бидејќи со поените ја премина границата од 16.5 поени за „плус“ во обложувалниците.
Интересно, официјалната статистика на хрватското првенство не ги регистрираше истите, натпреварот заврши со двоцифрена предност за гостите, а Шортер остана кус за двата поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА