Икарди пред големо „предавство“, тоа би предизвикало војна во Истанбул

Мауро Икарди го предводеше Галатасарај до тронот на турскиот фудбал, но аргентинскиот голгетер би можел да направи големо предавство доколку се реализираат најавите за негов трансфер во друг турски гигант.

Големиот ас сезонава настапуваше за Галата како позајмен играч од ПСЖ, а поради фактот дека има договор со „светците“ до јуни 2024 година тој летово ќе се врати назад на „Паркот на принцовите“. Францускиот првак се подготвува да го продаде, а целата ситуација сакаат да ја искористат челниците на Фенербахче, кои веќе испратиле понуда од 18 милиони евра до ПСЖ за Икарди.

Целта е јасна, со ангажман на главната ѕвезда на лутиот ривал „Фенер“ би му задал сериозен удар на Галатасарај во новата сезона, во која „сино-жолтите“ се решени да атакуваат на шампионскиот трофеј.

Икарди сезонава постигна 22 гола и осум асистенции на 25 натпревари во дресот на Галата, па нема сомнеж дека неговото заминување во редовите на вечниот ривал ќе предизвика војна меѓу навивачите на гигантите од Истанбул.

Се вчитува...