Манчестер Сити почна преговори со Матео Ковачиќ

Пеп Гвардиола е решен уште повеќе да го засили моќниот тим на Манчестер Сити за наредната сезона, па „граѓаните“ веќе почнаа преговори со Матео Ковачиќ за негова преселба од редовите на Челси.

Ковачиќ влегува во последната година од договорот со „сините“ и слично како и во случајот на Мејсон Маунт, веќе ставил до знаење дека нема намера да ја продолжи верноста кон лондонскиот клуб. Тој се подготвува за нов предизвик во кариерата, а Гвардиола во него гледа идеален наследник за Илкај Гундоган, кој летово како слободен играч ќе си замине од Манчестер Сити.

Преговорите меѓу Сити и Хрватот траат десетина дена и се одвиваат во одлична насока, па се очекува наскоро да биде постигнат целосен договор за тригодишна соработка. Откако ова ќе се случи, „граѓаните“ ќе почнат преговри со Челси околу висината на отштетата, а се очекува првата понуда на англискиот шампион да изнесува 30 милиони фунти.

Се вчитува...