Македонија ја совлада Белгија за прва победа во Златната европска лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија стигна до првата победа во Златната европска лига сезонава откако на домашен терен славеше над Белгија со 3-1, по сетови (25-21, 25-23, 17-25 и 25-21)

Во првиот сет „црвено-жолтите“ одлично стартуваа и без поголеми проблеми поведоа со 1-0 добивајќи го првиот сет со 25-21.

Во вториот сет Белгија отвори подобро и во неколку наврати имаше предност од три поени, но со фуриозен финиш избраниците на Јошко Миленковски на крајот успеаја да го освојат со 25-23 и да поведат со 2-0 во сетови.

Белгијците конечно заиграа на високо ниво во третиот сет кој на крајот го добија со 17-25 и намалија на 2-1 во мечот во „Борис Трајковски“. Популарните „Спартанци“ одиграа уште еден сет за паметење кој го добија со 25-21 и стигнаа до победа од 3-1. Никола Ѓоргиев со 17 поени беше прво име во нашиот табор.

 

Се вчитува...