Перишиќ сака во Интер, но има еден голем проблем

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ е незадоволен од својот статус во Тотенхем, а уште полошо стана откако клубот од Лондон останаа без Европа, па веќе на големо се зборува за заминување на Хрватот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Перишиќ сака да го напушти Лондон веќе ова лето и дека сака да се врати во Интер. Но, враќањето во Милано не е воопшто лесна опција.

Имено, со влегувањето во полуфиналето на најпрестижното фудбалско натпреварување, миланските гиганти ги „средија“ финансиските проблеми, но ситуацијата сепак не е совршена. Интер нема да понуди нов договор на ниту еден од играчите кои имаат 30 или повеќе години и влегуваат во последната година од договорот.

Перишиќ заработува шест милиони евра годишно во Лондон, па тешко е за верување дека токму така би се обезбедиле тие средства за доаѓањето на хрватскиот играч.

Се вчитува...