Ѓорги Ѓоргиев: Не застануваме, одиме на победа и против Хрватска

Македонските одбојкари одиграа феноменален меч и славеа со 3-1 во сетови над Белгија, за прв триумф на нашата репрезентација во рамките од Златната европска лига. „Спартанците“ беа на висина на задачата, делуваа самоуверено и со таквиот пристап го изненадија противникот кој сигурно се надеваше на полесна задача во Скопје.

Оваа победа е само уште една потврда за квалитетот на нашата репрезентација, но и најава за уште подобри игри летово, како во Златната лига, така и на претстојното Европско првенство во кое групната фаза македонските одбојкари ќе ја играат токму во Скопје.

„Уште по натпреварот со Украина реков дека играме навистина добра и квалитетна одбојка, тоа ни даде верба дека можеме да ги совладаме Белгијците. Јасно ни беше дека Белгија не е толку квалитетна како Украина, дадовме максимум на теренот, бевме во добар ритам и квалитетно работевме на тренинзите, сето тоа даде резултат и на крајот заслужено се радувавме. Едно е сигурно, не планираме тука да застанеме, одиме на победа и на наредниот натпревар против Хрватска“, изјави Ѓорги Ѓоргиев.

Се вчитува...