Баерн Минхен се соочува со нов проблем откако Лукас Хернандез ги информирал челниците на германскиот шампион дека нема намера да потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор истекува во јуни 2024 година, во Баерн се надеваа дека по долги преговори конечно ја почетокот од овој месец ќе потпишат продолжување на соработката, но ситуацијата се промени откако ПСЖ се вклучи во трката за ангажман на францускиот репрезентативец.
Весникот Л’Екип тврди дека „светците“ експресно постигнале договор со Хернандез, кој се согласил на плата од седум милиони евра, плус бонуси за секој освоен трофеј во овој клуб. Тој по постигнатиот договор го известил Баерн за новонастанатата ситуација, па сега баварците се пред тешка одлука – дали да го продадат одличниот дефанзивец или да го чуваат и во новата сезона, со надеж дека ќе го убедат да потпише нов договор, но со ризик дека следното лето би можел без никаква отштета да си замине од „Алијанц Арена“.
За потсетување, Лукас Хернандез е најскап фудбалер во историјата на Бундес-лигата откако Баерн плати 80 милиони евра за да го донесе од редовите на Атлетико Мадрид. На баварскиот гигант му е јасно дека тешко може да ја врати оваа сума, особено на една година пред истекот на договорот, па во случај на трансфер се очекува истиот да изнесува околу 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

