Македонскиот селектор Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци за престојните јунски квалификациски натпревари против Украина во Скопје и против Англија во Манчестер во квалификациите за ЕП 2024.
Македонија на двата исклучително тешки дуели ќе биде без стандардните офанзивци Дарко Чурлинов и Бојан Миовски.
Дарко Чурлинов неочекувано отпадна во последен момент и ќе мора да го прескокне јунскиот собир поради здравствени причини, а Миовски заработи незгодна повреда на зглобот поради која ќе мора да паузира до 10. јули.
Македонија со Украина игра на 16. јуни на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а на 19. јуни на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе се соочи со Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА