За селекцијата на Украина, селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски кажа дека не е важно кој е селектор, напоменувајќи дека знае како е да се игра со оваа селекција која беше противник на Македонија на ЕП пред две години.
Украинците се анализираат индивидуално, а што се однесува до мечот, Милевски рече дека и на двете селекции неопходна им е победата за останување во игра за врвот на табелата и во борба со Англија и со Италија.
„Не знам кој ќе биде селектор на Украина, а и мене лично не ми менува. Тоа се нивните играчи, и сконцентрирани сме на нивните инфивидуални квалитети. Особено што игравме против нив на ЕП и знаеме како треба. Кога играте со вакви противници треба да имате цел како да победите. А што ќе се случува и како ќе заврши тоа не може никој да каже. И ние и Украина мораме да победиме на овој меч“, изјави Милевски на прашањето дали би бил задоволен со два бода од двата меча со Украина и со Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА