Италијанскиот калчолигаш Милан го претстави домашниот дрес за следната сезона. Компанијата за спортска опрема „Пума“ денеска го претстави новиот домашен дрес на Милан за сезоната 2023/24, дизајниран да ги зближи тимот, градот и неговата страсна заедница уште повеќе.
Дресот инспириран од градот Милано и незапирливиот дух на неговиот народ, со традиционалните црвено-црни риги, симбол на брендот „Росонери“, кои придонесоа клубот да стане омилен клуб на љубителите на спортот од целиот свет.
Иновативниот дизајн воведува неповторлива тонска графика која ја слави енергичната енергија на градот, наследството на клубот и неговата централна улога во заедницата што се развива и која секогаш гледа напред.
Sempre ℳ, sempre ℳilan ❤🖤
Introducing the 2023/24 #ACMilan x @pumafootball Home Kit
#MilanXMilan #SempreMilan pic.twitter.com/KHmAhhE5Ev— AC Milan (@acmilan) June 1, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА