Македонскиот фудбалски интернационалец Доријан Бабунски ја круниса одличната сезона во редовите на унгарскиот Дебрецин, со феноменално признание.
Имено во изборот на навивачите на унгарскиот прволигаш, македонскиот напаѓач беше избран за најдобар фудбалер на овој тим во сезоната 2022/2023 година.
Дебрецин сезоната во унгарскиот шампионат ја заврши на третата позиција, што значи дека следната сезона ќе игра во Европа, а токму Бабунски со 13 гола беше најдобар стрелец на овој тим.
Со овие 13 погодоци Доријан заврши како трет најдобар стрелец во овој шампионат, а повеќе од него постигнаа само Варга од Пакс (26 гола) и Дражиќ од Мезоковешд (14 гола).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА