Легендарниот Хамшик најави крај на кариерата

Поранешниот играч на Наполи, легендарниот словачки репрезентативец Марек Хамшик објави дека следниот четврток ќе го одигра последниот натпревар во својата кариера во дресот на Трабзонспор.

Словакот, кој беше познат по специфичната фризура, минатата година се прости од играње во репрезентацијата после 15 години, и одигра 136 меча, постигнувајќи 26 гола.

„Тоа не беше лесна одлука, но беше прекрасна авантура“, изјави 35-годишниот Хамшик.

Најголем белег остави во дресот на Наполи за кој одигра преку 400 натпревари и постигна преку 100 голови. Играше и во Бреша, Далиан, кратко во Гетеборг, а од 2021 година е дел од Трабзонспор.

Се вчитува...