Марсеј ќе бара тренер, Тудор потврди заминување

Олимпик Марсеј останува без тренер откако хрватскиот стручњак Игор Тудор потврди дека заминува од клубот. Негов последен меч ќе биде дуелот со Ајачио, по што ќе си бара нова средина.

Веќе некое време се шпекулира дека Хрватот би можел да се врати во Јувентус, и да седне на клупата како главен тренер, откако во минатото беше помошник во овој тим, а и фудбалер во играчките денови.

„Сакам да му се заблагодарам на сопственикот и на сите во клубот. Беше чест да се работи тука со вакво одлично семејство од кого ја имав поддршката. Го напуштам клубот во подобра ситуација откако јас дојдов. Заминувам од приватни причини“, рече Тудор.

На прашањето на новинарите дали веќе има договорена работа со друг клуб, тој изјави:

„Не, немам договор со ниту еден клуб, и немам никакви негативни чувства кон било кој. Кога работите во Марсеј една година, тоа е исто како да работите некаде на друго место 2-3 години. Дадов се од себе, имаше многу непреспиени ноќи и многу напорна работа. Раководството ја знае својата работа како да се дојде до успех“, изјави Тудор.

Се вчитува...