Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел одлучи да ги стави на трансфер листа фудбалерите Лерој Сане, Садио Мане и Серж Гнабри, пренесува Билд.
Ова е потег за изненадување, особено ако се има во предвид дека тоа беше „ударното трио“ на Баварците минатата сезона, а Гнабри и Сане веќе неколку години се неизбежен дел од „Баварците“.
Мане стигна минатата година од Ливерпул, но со оглед дека не пружи игри какви што се очекуваше, веројатно ќе се врати назад во Премиерлигата. Неговата цена е 45 милиони евра. Сане има 14 гола и 10 асситенции сезонава, но Тухел се реши да се откаже од него. Гнабри минатата година го продолжи договорот со Баерн, межутоа сега може да си замине.
Како можни нови засилувања на Баерн се споменуваат играчите на Челси, Кристијан Пулишиќ и Каи Хаверц, кои работеа со Тухел во таборот на „сините“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

