Шокантни најави: УЕФА ја исфрла Барселона од ЛШ!?

Шпанските, и неколку англиски медиуми пишуваат дека Барселона идната сезона нема да ја „види“ Лигата на шампионите, но и другите натпревари под капата на УЕФА поради скандалот за корупција кој во изминатите месеци го „тресе“ каталонскиот клуб.

Барселона минатото лето повлече потези во очајнички обид да потпишат фудбалери и да се пласираат во Лигата на шампионите, а тие станаа шампиони на Шпанија. Но, сега можеби нема да може да играат во Европа, поради тоа што УЕФА веќе покрена истрага за коруптивниот скандал, кој го истражува шпанското обвинителство.

Доколку УЕФА ги прогласи за виновни, тогаш Барселона речиси сигурно ќе биде исфрлена од сите натпреварувања во Европа. Наводно претседателот на УЕФА, Александар Чеферин веќе го прочитал нивниот извештај, а се чека конечна одлука. Постои можност УЕФА да ја чека Ла Лига да ја објави казната за каталонскиот клуб.

Се вчитува...