Младата ѕвезда одбива да замине од Барселона

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати е поврзуван со трансфер веќе неколку недели, но младата надеж на Шпанија одбива да си замине од својот матичен клуб. Јасно е дека Барса сака да го продаде, за да отвори место за друг фудбалер и да го задржи финансискиот фер плеј. Меѓутоа фудбалерот има други планови.

За Фати заинтересирани се неколку клубови од Премиерлигата, а се шпекулира дека најблиску до неговиот потпис е Вулверхемптон. Но, играчот наводно не сака ниту да „чуе“ да оди во тој клуб.

Наводно реагирал и неговиот агент Жорже Мендеш кој го убедувал играчот да прифати една од понудите и да замине од Барселона. Иако многу се очекуваше од него, сепак, Фати се помалку добива шанса во Барселона, особено во првите 11.

Се вчитува...