Германската легенда: „Интер не треба да се плаши, Сити има слабости“

Поранешниот напаѓач на Интер, Јирген Клинсман верува дека шансите на „нероазурите“ да го победат Манчестер Сити во финалето во Лигата на шампионите се реални. Поради одличната игра, англискиот тим е голем фаворит во пресметката на 10. јуни, а италијанскиот тим има 11 порази во Серија „А“.

Тој му дава шанса на Интер, велејќи дека дури и Манчестер Сити има свои слабости, кои треба максимално да бидат искористени.

„Достигнувањето на Интер до 1/4 финалето изгледаше како голема цел, а кој можеше да очекува финале? Сити е феноменален, но Интер нема што да загуби, и тоа е предноста на овој тим. Веруам во италијанските играчи, и тие клубови се најдобри во вакви натпревари. Секој тим има свои слабости, и тоа го има и Манчестер Сити. Сетете се на Барселона под водство на Пеп. Тимот почнува да покажува слабости по страничните позиции. Интер ќе има шанси, и ќе треба да ги искористи“, рече Клинсман.

Се вчитува...