Полскиот судија Шимон Марчињак е арбитарот кој оваа сезона е во фокусот на вниманието. Полјакот го судеше финалето на Светското првенство во Катар, а сега му е доделена улога да ја дели правдата и на финалето во ЛШ меѓу Манчестер Сити и Интер.
Меѓутоа тоа е крајно неизвесно, со оглед дека судијата во Полска упаднал во проблеми. Здружението „Никогаш повеќе“, која се занимава со превенција од расизам и други облици на дискриминација, поднело пријава против Марчињак.
Наводно арбитарот учествувал на состанок со Славомир Менцен, еден од челниците на десничарската партија „Конфедерација“. Настанот наречен „Еверест“ бил одржан на 29. мај,
„Марчињак присуствувал на настан кој го организирал челник на полската десница, познат по својот слоган во пет точки: Ние сме против Евреи, хомосексуалци, абортус, даноци и Европска унија. Партијата е позната по својот екстремен став кон етничките малцинства, мигранти и бегалци, ЛГБТ лица и правата на жените“, стои меѓудругото во соопштението на здружението „Никогаш повеќе“.
Останува да се види дали ова ќе значи и губење на финалето на ЛШ за Марчињак. УЕФА ќе го има последниот збор околу овие случувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

