Македонските одбојкари забележаа голема против Белгија во 2. коло од Европската златна лига што и дефинитивно носи огромен мотив пред следната пресметка со Хрватска, која е веќе утре (сабота) повторно во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски и тоа како веруваат сега дека може да дојдат и до втората победа.
„Секако среќни сме по победата над една Белгија и сега мислите се кон Хрватска. Се надеваме на добра игра и против Хрватска, па дали тоа ќе донесе победа ќе видиме. Најважно е да одиграме како што знаеме и умееме“ – вели Дарко Ангеловски – Шаби, повикувајќи ги навивачите да дојдат во што поголем број и да дадат поддршка за нашите одбојкари.
„Ја повикуваме публиката да дојде во што поголем број и да се радува заедно со нас. Приредивме вчера големо изненадување и верувам дека тоа е добар момент нашите навививачи сега да дојдат и да погледнат уште еден спектакл и врвна одбојка. Напред Македонија!“
Натпреварите во Златната лига се подготовка и за Европското првенство кое на почетокот од септември ја очекува Македонија во Скопје.
Утрешниот противник Хрватска е организатор на Ф4 турнирот во Златната лига. Па, без разлика на пласманот во нашата група ќе биде еден од четирите финалисти во Златната лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА