Манчестер јунајтед ќе се фокусир на квалитетен напаѓач како засилување за новата натпреварувачка сезона.
Прва желба на челниците на Јунајтед е голгетерот на Тотенхем и англиски репрезентативец, Хари Кејн. Но, доколку не успеат да го донесат на „Олд Трафорд“ веќе се познати и двете резервни опции.
Англиските медиуми пренесуваат дека се разгледува доведувањето на Рандал Коло Муани и Расмус Хојлунд. Во овој момент данскиот напаѓач и член на Аталанта е поверојатна опција, со оглед на тоа што офанзивецот на Ајнтрахт Ф., пак, е далеку поскап од Данецот.
Според информациите од Островот, челниците на Манчестер јунајтед веќе разговарале со агентите и на двајцата фудбалери, па и двете опции се отворени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

