Фудбалерите на Шкендија, по двата дена лекарски прегледи, денеска од 17 часот ги стартуваат подготовките за настапите во УЕФА Конференциската лига ова лето.
Тетовци низ подготовките за новата сезона стартуваат без долгогодишниот капитен Ферхан Хасани кој се одлучи предвреме да се раздели со Шкендија оставајќи простор за помладите.
Пред заминување од клубот е и репрезентативецот Егзон Бејтулаи кој има неколку понуди за промена на средината, но сето тоа ќе треба да се дефинира до 15. јуни, како што информираат од клубот.
Во меѓувреме, се очекува раководството наскоро да го именува новиот тренер, по заминувањето на Ќатип Османи. Шкендија е во разговори со неколку тренерски имиња. Се најавува договор со досегашниот тренер на албанскиот прволигаш Тирана, Оргес Шехи, откако не се најде заеднички јазик со Ардијан Нухиу за меѓусебна соработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА