Етеми поради повреда ги пропушта мечевите против Украина и Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски се соочува со нови проблеми пред квалификациските дуели против Украина и Англија за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Фудбалерот на Истанбулспор ќе ги пропушти двата натпревари против Украина на (16. јуни) во Скопје и три дена подоцна против Англија на „Олд трафорд“ во Манчестер.

Од стручниот штаб на репрезентацијата дополнително ќе информираат дали ќе биде повикан некој фудбалер како замена за Етеми.

Се вчитува...