Марио Геце ги израдува навивачите на Ајнтрахт на помалку од 24 часа пред финалето од Купот на Германија со Лајпциг потпишувајќи нов договор со бундеслигашот од Франкфурт.
Германскиот херој од СП 2014 пристигна во Ајнтрахт од редовите на ПСВ Ајндховен минатото лето и беше стандарден сезонава во новиот клуб, настапувајќи на вкупно 45 натпревари. Тоа беше доволна причина управата да му понуди нов договор, по што Геце потпиша до 2026 година со оваа екипа.
„Се чувствувам многу удобно во Ајнтрахт од првиот ден кога пристигнав. Се вљубив во градот и во клубот, се гледам себе си тука во иднина и со потпишаниот договор само потврдувам дека својата иднина ја гледам во Ајнтрахт. Се уште сум уверен во огромниот потенцијал на овој тим и се индентификувам со целите што Ајнтрахт ги има поставено пред себе“, изјави Геце по потписот на договорот.
Останува да се види дали Геце новиот договор ќе го прослави со трофеј во Купот на Германија, доколку успее да слави на денешното финале со Лајпциг. Ајнтрахт досега има четири куп-трофеи во клупските витрини, но последната ја има освоено уште во 1988 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

