Баерн Минхен остана без тренер

Кошаркарите на Баерн Минхен останаа без трофеј го геманското првенство, откако загубија во полуфиналната серија од Улм со 3-0. Ваквиот епилог е сосема неочекуван, со оглед дека се очекуваше од тимот да дојде не само до финалето, туку и до титулата.

Веднаш после неуспехот, екипата остана и без тренер откако Андреа Тринкиери си поднесе оставка од местото тренер на екипата. После мечот со Улм во петокот, кој противникот го реши после продолжението, Италијанецот  соопшти дека си заминува од клубот.

„Ова беше мој последен натпревар во Баерн. Го преземав тимот во текот на пандемија, а играчите и тренерите најдоа начин да минат низ многу препреки, да се борат до самиот крај. Оваа група на луѓе заслужи многу повеќе, но во клучните мигови среќата не не послужи. Имавме две титули во Германија и два плеј-офа во Евролигата до петти натпревар. Секогаш може подобро, но направивме се што можевме“, рече Тринкиери.

Се вчитува...